Monday, May 18, 2020

Видови на продажба

Постојат повеќе различни видови на продажба:


  • Продажба во продажни простории - купувач доаѓа во продавница и купува
  • Продажба преку закажување на состанок - продавач закажува состанок заради продажба
  • Продажба без закажување на состанок - продавачот доаѓа до купувачот без закажан состанок
  • Каталошка продажба - купувачот добива каталог за производите и детали за нарачката
  • Продажба по телефон - продавачот се јавува на телефон
  • Е - трговија - купувачот плаќа со кредитна картичка преку интернет


Задача: Размислите кој вид на продажба најмногу вие го користете, и кој би бил најдобар начин на продавање во денешниве услови. Одговорете испратете ги до петок (18.05.2020).

Monday, May 4, 2020

Интернет маркетинг

Интернет маткетинг е секаков вид на комуникација која едно претпријатие ја реализира со потенцијалните купувачи на глобалната мрежа Интернет.





Интернет маркетингот опфаќа:

  • Веб страница
  • Интернет реклами
  • Блог
  • Социјални медиуми
  • Форуми
  • Маркетинг преку е-пошта



Вежба: Дизајн на Facebook реклама

Ако претпоставиме дека имате некаков свој бизнис и сакате да тој да биде виден од поширока маса на луѓе, како би сакале тоа да изгледа на Интернет. Размислете, дизајнирате, креитајте Интернет реклама и решението испратете го најкасно до 8.05.2020 год. (петок).

Saturday, April 25, 2020

Пакување на производ

При пакување на производ треба да се внимава на неколку правила кои треба да се применуваат:
  • Пакувањето да е во согласност со целниот пазар
  • Да привлекува внимание
  • Лесно да се отвара и затвара производот
  • Да обезбеди безбеден транспорт и пренесување


Промотивен микс е комбинација на различни промотивни тактики кои едно претпријатие ги користи.


Промотивни тактики:
  • Банери
  • Билборди
  • Брошури
  • Бизнис-картички
  • Директна помош
  • Каталози
  • Купони за попуст
  • Летоци
  • Подароци
  • Промотивна облека
  • Примероци за проба
  • Специјални настани
  • Спонзорства
  • Бесплатен телефон
  • Контекстуални интернет - реклами
  • Блог


Вежба за дома: Дизајн на промотивен материјал

Изработи еден вид на промотивен материјал за одреден производ, кој може да биде:
  • Реклама за огласен дел во весник
  • Бизнис картичка
  • Реклама за весник во А4 формат во боја
  • Леток
  • Купон за попуст
Нацртај, креирај во некоја графичка програма или изработи бизнис картичка или леток (flyer)  во Microsoft Publisher по твој избор. Креираниот промотивен материјал испрати го најкасно до четврток (30.04.2020).

Sunday, April 5, 2020

Основни маркетинг поими




Пазар претставува збир на:
      - Тековни купувачи (оние кои веќе купуваат) и
      - Потенцијални купувачи (кои може да купуваат во иднина)

Маркетинг е било каков вид на комуникација која се користи од страна на претпријатието за да стигне до луѓето на пазарот и да ги убеди да купат од бизнисот.


Целен пазар е група на купувачи за кои постои најголема веројатност дека ќе го купат производот или услугата.


Маркетинг микс  или познат како 4P


  •         Производ (Product)
  •         Цена (Price)
  •         Дистрибуција (Place)
  •         Промоција (Promotion)


     Производ

     Основа на производот - ползите кои луѓето ќе ги имаат
     Вистински производ - квалитет, функционалноет, безбедноста, пакувањето,    брендирањето
     Дополнителни придобивки - дополнителна услуга, гаранција, инсталација

    Дискусија (Избираме автомобил)

             Цената на едниот е 10.000 евра со 3 години гаранција
             Цената на вториот е 11.000 евра со 5 години гаранција
             И двата автомобили имаат исти функционалности и карактеристики
             Кој ќе го одберите да го купите?

    Цена

    Цена базирана на побарувачка - највисока цена која купувачите се спремни да ја платат
    Цена базирана на конкуренција - Колку конкуренцијата во моментов наплаќа за нивниот производ или услуга (исти, пониски или повисоки)
    Цена базирана на трошоци - Колку нас не чини производот или услугата?

    Дистрибуција

    Директна дистрибуција (Производител-Купувач)
    Индиректна дистрибуција (Производител - Големопродавач - Малопродавач - Купувач)
    Физички - кога производот патува физилки до потрошувачот
    Електронски - кога производот по електронски пат стигнува до купувачот

    Промоција

    Распространување на информации за бизнисот, производот и/или услугата, брендот и се што е поврзано во однос на бизнисот.

         AIDA модел за планирање, креирање и менаџирање на промоции
               Привлечи внимание (Attention)
               Задржи интерес (Interest)
               Зголеми желба (Desire)
               Повик за акција (Action)


Одговори на прашањата од квизот кои се дадени на следниов линк:

Основни маркетинг поими - Квиз

или скенирај ја сликата за да го отвориш квизот;




Tuesday, March 24, 2020

Приход, расход, добивка

Приход е влез на пари во компанијата реализирани од продажба во определен временски период.



На пример, во табелата гледаме дека во компанијата се влезени вкупно 670000 ден. приход, од Јануари до Април.

Расход се вкупните трошоци кои компанијата ги прави во определен временски период.




   Приход, расход и добивка

Добивка е разлика помеѓу приходот и расходот во определен временски период
(Приход - Расход).


Колку треба да продадеме?

Цената на една пица е 250 ден. 





Одговори на прашањата од квизот со клик на следниов линк:




или скенирај го кодот:



Видови на продажба