Sunday, April 5, 2020

Основни маркетинг поими




Пазар претставува збир на:
      - Тековни купувачи (оние кои веќе купуваат) и
      - Потенцијални купувачи (кои може да купуваат во иднина)

Маркетинг е било каков вид на комуникација која се користи од страна на претпријатието за да стигне до луѓето на пазарот и да ги убеди да купат од бизнисот.


Целен пазар е група на купувачи за кои постои најголема веројатност дека ќе го купат производот или услугата.


Маркетинг микс  или познат како 4P


  •         Производ (Product)
  •         Цена (Price)
  •         Дистрибуција (Place)
  •         Промоција (Promotion)


     Производ

     Основа на производот - ползите кои луѓето ќе ги имаат
     Вистински производ - квалитет, функционалноет, безбедноста, пакувањето,    брендирањето
     Дополнителни придобивки - дополнителна услуга, гаранција, инсталација

    Дискусија (Избираме автомобил)

             Цената на едниот е 10.000 евра со 3 години гаранција
             Цената на вториот е 11.000 евра со 5 години гаранција
             И двата автомобили имаат исти функционалности и карактеристики
             Кој ќе го одберите да го купите?

    Цена

    Цена базирана на побарувачка - највисока цена која купувачите се спремни да ја платат
    Цена базирана на конкуренција - Колку конкуренцијата во моментов наплаќа за нивниот производ или услуга (исти, пониски или повисоки)
    Цена базирана на трошоци - Колку нас не чини производот или услугата?

    Дистрибуција

    Директна дистрибуција (Производител-Купувач)
    Индиректна дистрибуција (Производител - Големопродавач - Малопродавач - Купувач)
    Физички - кога производот патува физилки до потрошувачот
    Електронски - кога производот по електронски пат стигнува до купувачот

    Промоција

    Распространување на информации за бизнисот, производот и/или услугата, брендот и се што е поврзано во однос на бизнисот.

         AIDA модел за планирање, креирање и менаџирање на промоции
               Привлечи внимание (Attention)
               Задржи интерес (Interest)
               Зголеми желба (Desire)
               Повик за акција (Action)


Одговори на прашањата од квизот кои се дадени на следниов линк:

Основни маркетинг поими - Квиз

или скенирај ја сликата за да го отвориш квизот;




No comments:

Post a Comment

Видови на продажба